Барање од моторџиите во Македонија

Бидејќи никој во оваа наша држава не води сметка за потребите на моторџиите, како прв чекор до остварување на нашата цел ја потпишуваме оваа петиција со која бараме:

- Намалување на цената на зелениот картон
(За моторциклите зелен картон чини 90 евра!)

- Можност за регистрација на мотор на пократок период од една година
(Возната сезона за повеќето трае до 5 месеци!)

- Намалување на давачките како за автомобилите
(За моторциклите не важи намалената царина и данок за увоз како за автомобилите)

- Дозвола за увоз на моторцикли од Америка
(За моторциклите не важи дозволата за увоз како за автомобилите)

 

По потпишување на петицијата ќе излеземе на масовен протест и мирно возење по улиците на Скопје, затоа во сабота, 8-ми октомври, во 12.00 сите на плоштадот Македонија.

 


Благоја Мартиновски    Contact the author of the petition